Објавен конкурсот за четвртото издание на „Т’к Так Фест“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 22 Февруари 2015 22:47   

 

Најголемиот македонски демофестивал, „Т’к Так Фест“ по четврти пат по ред ќе им овозможи на сите млади бендови од земјава, но и од соседството да ја почуствуваат моќта на големата бина и настапот пред неколку неколку илјадна публика.


Конкурсот за демо бендови кои ќе настапат на годинашното издание на „Т’к Так Фест“ и официјално е отворен, а согласно истиот сите оние кои сакаат да се вклучат во трката за Гран При наградата „Трајко Каров“ која се доделува на најдобриот тапанар и која изнесува 30000 денари и наградите кои вклучуваат снимање во професионалните студиа на еминентни продуценти, треба да ги достават следните податоци:


- кратка биографија за бендот

- линк од демо снимки на две авторски песни поставени на приватен youtube канал. Должината на една композиција не смее да надминува повеќе од 5 минути.

- читко отчукан текст на песните со кои се аплицира.


Во согласност со програмските определби на фестивалот, Селекторот и Селекционата комисија составена од еминентни и признати рок музичари ќе одлучат кои од пристигнатите апликации ќе бидат прифатени.


Конкурсот трае до 17 јуни 2015 година, а материјалите се испраќаат на e-mail адреса:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov