ГФК Тиквеш го напушта второлигашкото друштво PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 13 Мај 2013 13:10   

 

Она што се очекуваше, од овој викенд стана и формалност. Градскиот фудбалски клуб Тиквеш по поразот на домашен терен од Новаци со 0-3 и официјално ги загуби и теоретските шанси за опстанок во втората фудбалска лига, и од септември ќе настапува во третата лига.


И на овој натпревар играчите на Тиквеш имаа сили да му се спротистават на противникот само во првите 45 минути, по кои беа во негатива од 0-1. Дополнителни компликации во продолжението беа двата црвени картони и повредите на дури тројца играчи, па Тиквеш го заврши мечот со само 6 играчи. Сепак и покрај големата играчка предност, до крајот на мечот гостите од Новаци ја затресоа мрежата само уште два пати, за конечни Тиквеш - Новаци 0-3.


Илија Анев - Телевизија Тиквешија




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov