Богоев нов капитен на Фени PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 17 Септември 2013 10:51   

 

Стручниот штаб на поранешниот македонски и балкански шампион, екипата на Фени Индустри продолжува со составувањето на играчкиот мозаик за следната сезона. Четата на Љупчо Малинков полека се комплетира па сега многу полесно ќе се одработи фазата во која екипата ќе се воигрува.


Иако подготовките стартуваа со комплетно нов играчки ростер со исклучок на оние најмладите, сепак полнењето на батериите и набивањето на кондиција поминува во најдобар ред. Веќе се знае дека капитенската лента оваа година ќе ја носи Ефтим Богоев, а од овој викенд на српските интернационалци Цветковиќ и Вулетиќ друштво ќе им прави и црногорскиот интернационалец Игор Бијелиќ.


Иено Бијелиќ кој игра на центарската позиција засега е на проба во Кавадарци и доколку задоволи ќе остане во тимот. Тој е роден 1988 година и е висок 207 сантиметри. Минатата година настапувал за екипата на младост од Мркоњиќ, и зад себе оставил статистика од 16,6 поени по натпревар, 5,9 скока и одличен процент за 2 поени од 68%.

Бијелиќ во својата кариера настапувал и за босанскиот Сервитиум и црногорските Морнар, Могрен, Ибон и Даниловград.


Од она што досега е сработено Малинков е и повеќе од задоволен: „Не е лесно да се вклопи еден сосема нов тим. Доцна стартувавме со подготовките и сега работиме во турбо ритам. Од она што досега го сработивме сум задоволен иако сеуште не можам да кажам ништо поконкретно. За десетина дена ќе стартуваме со одигрување на званични контролни натпревари каде што ќе можам да видам точно до каде сме. Имаме во план да учествуваме и на неколку турнири во странство, но за тоа, потоа. Можам само да кажам дека уште ни е отворена можноста за четврти странец, а ние сме тенки на шутерските позиции, па доколку ни се укаже можност ќе ангажираме уште некој играч. За онаа позиција на млад играч во тимот ќе конкурираат младиот скопјанец Никола Олтевски и нашиот Милан Милков кој е многу напреднат и од него очекувам многу сезонава“ - ни рече тренерот Љупчо Малинков.


Мики Виденовиќ




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov