Старо-нови проблеми во ГФК Тиквеш PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 22 Септември 2013 21:31   

 

Ситуацијата во градскиот фудбалски клуб „Тиквеш“ повторно почнува да се компликува. Воведните три победи од новата сезона изгледаа како да конечно работите во кавадаречкиот фудбал тргнаа во подобра насока, но поразот од Вардар Неготино повторно повторно ги откри старите проблемите кои во последните десетина години го тиштат клубот.


Поради неисплатени плати, половично исплатени премии, немање основни услови за работа и тренирање, и со голем притисок од навивачката група „Лозари“, играчите на Тиквеш кои веќе неколку денови не тренерираат денеска не отпатуваа на мечот против Млекар во рамки на петтото коло од третата фудбалска лига-југ.


Проблемот е уште поголем поради тоа што евентуалната казна може да изнесува одземање девет бодови од контото на клубот, со што клубот ќе има голем дефицит во продолжение од сезоната, која по се изгледа ќе биде уште една од многуте неуспешни од владеењето на директорот Сашко Тасев.


По тој повод свое барање до предводникот на градскиот фудбалски клуб Тиквеш испрати навивачката група „Лозари“ меѓу кои се бара исфрлање на придавката Градски како и името Тиквеш од називот на клубот со кој раководи господинот Тасев.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov