Смедеревката со помала шеќерност од 16 едници не се откупува PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 24 Септември 2013 10:11   

 

Винариите и откупувачите на грозје деновиве повторно во игра го враќаат стариот адут, шеќерноста.


Смедеревката наводно не ја откупуваат поради слаба или недоволна шеќерност на оваа сорта. Оваа вест ја проверивме кај повеќе лозари, откупувачи, стручњаци.


Лозарите најпрвин изразија негодување за наводно одбивање од одредени откупувачи дека не сакале да им ги примат понудените количини бело грозје поради незадоволување на минимално дозволената шеќерност од 16 шеќерни единици за Смедеревката. Да потсетиме оваа дозволена шеќерност е виза за прием и исплата на 11 денари по килограм. Во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ни беше одговорено дека до нив досега не пристигнале реакции од лозарите за наводно одбивање при понуда на смедеревка. Во Здружението „Агротиквешија“ велат дека и до нив лозари се пожалиле дека белото грозје не им го примаат наводно поради слаба шекерност. Од друга страна оттаму ни потврдуваат дека годинава навистина состојбата во екот на бербата на Смедеревката е таква: Грозјето има пониска шеќерност од 15 единици, во одредени реони и помалку како резултат на осетното заладување кое пред 10-тина дена ја зафати Тиквешијата. Ова е присутно во реонот покрај реката Црна. Ваква состојба со шеќерноста кај смедеревката не забележале последните 10 години.


На откупниот пункт на Повардарие беа јасни во одговорите. Никаков застој при откуп на смедеревката кај нив нема. Досега откупиле над 2,5 милиони килограми бели и црвени сорти. Нашиот соговорник Тошо, раководител на пунктот, кој многу години е одговорен за текот и спроведувањето на откупот овде вели: „Ние откупуваме Смедеревка според дозволените и објавени 16 шеќерни едници, и го исплакаме по оваа цена за која се договорија и лозарите и винарите. Но, како да примиме Смедеревка со 11, 13 и 14 шеќерни едници и по која цена. За неа треба да добиеме одобрение од винаријата. А како да добиеме дозвола за вакво грозје кое не можеме да го користиме како суровина за производство на добро вино. На лозарите им препорачуваме да се стрпат барем една недела, време во кое смедеревката ќе ги добие потребните 16 брикса зрелост“. Инаку особено низок степен на шеќерност имаат лозјата во Ваташко и Црноречјето. Повардарие стои на располагање на својот пункт да ги прими понудените количини грозје кое одговара на стандардите за производство на вино.
Оттаму препораката, пред да започнат да берат и ангажираат аргати и возила, лозарите задолжително да го договорат откупниот пункт или винаријата која тоа ќе го стори, да ја мерат шеќерноста на своето грозје. Во спротивно ќе ги имаат непријатностите со кои деновиве се среќаваат некои наши лозари.

 

Марјан Димитров - Телевизија Тиквешија




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov