На денешен ден, во 1970 година, во Кавадарци е формиран кошаркарскиот клуб „Тиквеш“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 11 Јануари 2014 12:30   

 

Иако кошарка во Кавадарци за прв пат почнало да се игра во далечната 1959, кога по иницијатива на наставникот Димо Димовски е формиран кошаркарскиот клуб „Партизан“, тим кој во своето неколкугодишно постоење не забележал некој позабележителни резултати, во 1969 година по иницијатива на И.Каровски, Б.Ивановски, Д.Галапчев, Ж.Клинчаров, Т.Ридов, М.Ацев, Б.Камчев, Р.Прескакулев се формира кошаркарскиот клуб Тиквеш, кој и официјално постои од 11 јануари 1970 година.


Прв тренер на кошаркарскиот клуб „Тиквеш“ е професор Живко Клинчаров, а подоцна како предводници на клубот работели и Р.Анѓушев, Д.Пецов, Т.Клинчаров, П.Камчевски, О.Тотов и други.


Во својот прв официјален првенствен натпревар, кошаркарскиот клуб „Тиквеш“ го декласирал тимот на „23 Октомври“ од Кочани со резултат 102-64. На тој натпревар, во дресот на кошаркарскиот клуб „Тиквеш“ настапувале: А.Књазев, С.Кировски, М.Спанџов, Б.Петрезанов, М.Ацев, К.Спанџов, О.Тотов, Б.Гечевски, П.Камчевски, З.Мукаетов и А.Галапчев. Најголемиот успех, кошаркарите на КК „Тиквеш“ постигнаа во натпреварувачката 1984/85, кога го освоија првото место во Македонската кошаркарска лига.


Една година по осамостојувањето на Република Македонија, односно во 1992 година кошаркарскиот клуб Тиквеш изборува пласман во Првата македонска кошаркарска лига на Македонија.


Во својата историја, овој клуб даде многу значајни имиња, кои ја афирмираа кошаркарата, градот Кавадарци и Македонија. Меѓу нив, несомнено се долгогодишниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, и еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, Врбица Стефанов, Тодор Гечевски, Горан Самарџиев и Ристе Стефанов.

 
Get Adobe Flash player

Alternative flash content

To view this Flash you need Javascript on your browser and updated version of flash player.

Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov