„Михајлово“ отворено и во текот на зимата PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 09 Февруари 2014 20:05   

 

Одморалиштето „Михајлово“ кое се наоѓа во срцето на Кожув планина и во текот на зимата широко ги отвори вратите за сите љубители на природата.


Чистиот воздух, снегот кој достигна висина до 40 сантиметри и природата ви нудат идеална можност да побегнете од секојдневниот гратски метеж и загадениот воздух.


„Михајлово“ е отворено 24 часа. На располагање ви е комплетна угостителска услуга и луксузно опремени апартмани. Одморалиштето се наоѓа на 40 километри од Кавадарци и е сместено на 1200 метри надморска височина.


До хотелот се стигнува од страната на Кавадарци, а локалниот пат е целосно безбеден и исчистен од снегот. Од минатото лето „Михајлово“ е во приватна сопственост со двојна намена. За време на летниот распуст ја има старата функција како одмаралиште за деца, додека во останатиот дел од годината функционира како хотелски сместувачки капацитет.

 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov