Започна изградбата на црквата Свети „Архангел Михаил“ во Ваташа PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 06 Ноември 2014 12:31   

 

Дeнеска во близина на селските гробишта во село Ваташа беше ставен камен темелникот на нова црква, втора во селото.


Новата црква која ќе го носи името Свети „Архангел Михаил“ се гради во непосредна близина на старото црквиче кое некогаш постоело. Пред многу жители на Ваташа, претставници на Советот на општина Кавцадарци, локалната самоуправа Кавадарци, свештеници, верници од Ваташа и Кавадарци, чинот на осветувањето на камен темелниците го раководеше Неговото високо преосвештенство Митрополитот Повардарски Господин Агатангел.


Тој упати порака до сите христијани да учествуваат во изградбата на оваа црква која ќе овозможи во близина на гробиштата да се обавуваат верските обичаи за покојниците од Ваташа.


Марјан Димитров - Телевизија Тиквешија




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov