Жозе Мурињо е нов менаџер на Манчестер јунајтед |
|
|
|
Напишано од Unevski on Петок, 27 Мај 2016 18:33
|
Манчестер јунајтед денеска и официјално потврди дека Жозе Мурињо е нивниот нов менаџер.
„Жозе Мурињо ќе го превземе кормилото на Манчестер јунајтед од сезоната 2016/2017, потпишувајќи три годишен договор со опција да остане во клубот најмалку до 2020 година“ - стои во соопштението на клубот.
„Жозе е најдобриот менаџер во фудбалот денес. Тој освојуваше трофеи и инспирираше играчи во повеќе држави во Европа, и се разбира многу добро ја знае Премиерлигата, освои три титули тука“ - изјави извршниот директор на Јунајтед, Ед Вудворд.
И Жозе Мурињо изрази задоволство што ќе бие нов менаџер на Манчестер јунајтед.
„Посебна чест за мене е да бидам менаџер на Манчестер јунајтед. Тоа е клуб познат и почитуван насекаде во светот. Постои некоја мистерија и романса што ниту еден друг клуб не може да ја понуди“ - вели Мурињо.
„Секогаш сум се чувствувал како едно со Олд Трафорд, тој бил домаќин на некои важни спомени за мене во кариерата и секогаш сум уживал во односот со фановите на Јунајтед. Со нетрпение чекам да почнам и да уживам во нивната фантастична поддршка во годините кои доаѓаат“.
|