Од сабота до понеделник, редовно запрашување против комарци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 28 Јули 2016 14:53   

 

Општината Кавадарци ги информира граѓаните дека Согласно годишната програма за дезинсекција, почнувајќи од сабота 30 јули 2016 година, па се до понеделник, ќе изврши запрашување против комарци.


Запрашувањето што ќе се изврши од земја во раните утрински часови и тоа на целата територија на Општината ќе го спроведе Центарот за јавно здравје-Велес.


Во оваа прилика се известуваат сопствениците на пчели да превземат мерки на заштита на пчелните семејства, како не би дошло до несакани последици. Доколку во предвидените денови има врнежи од дожд, тогаш запрашувањето против комарци ќе се спроведе во првиот сончев ден после врнежите.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov