ООУ „Тошо Велков - Пепето“ ја прими наградата за најчисто и најбезбедно училиште PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 14 Октомври 2016 14:05   

 

Директорката на општинското основно училиште „Тошо Велков - Пепето“ од Кавадарци, Ѓурѓица Алексовска денеска ја прими наградата за најчисто и најбезбедно училиште во Македонија која ја доделува министерството за образование и наука заедно со ОБСЕ.


„Министерството за образование и наука веќе трета година по ред го реализира овој натпревар. Тоа е мотив сите училишта да станат почисти и побезбедни и секоја наредна година да имаме повеќе кандидати", изјави министерот за образование и наука, Пиштар Љутвиу.


МОН и Мисијата на ОБСЕ овој конкурс го реализаат трета година по ред. На натпреварот конкурираа 15 училишта од кои 10 основни и 5 средни. Првонаградените основно и средно училиште добија смарт табла која ќе биде обезбедена од Министерството за образование и наука, додека наградите за второто и третото место ќе бидат обезбедени од страна на мисијата на ОБСЕ во Скопје.


На овогодинешниот натпревар првото место покрај основно училиште „Тошо Велков Пепето“ го доби и скопското средно електротехничко училиште „Михајло Пупин“.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov