Оддржан мини саем на микро и мали претпријатија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 21 Април 2017 13:39   

 

Осумнаесет компании преку проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија кофинасиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери на ЦЕЕД Македонија денеска во винаријата „Стоби“ беа учесници на мини саемот каде го презентираа своето призводство и можностите во областите каде дејствуваат. Истовремено, тоа беше можност да се вмрежат со други компании, а промоцијата на производството и услугите беше можност за развој на бизнисот на новите бизнис фактори.


„Во последните пет години проектот дава можности на претприемачите да учат едни од други, да ги подобрат менаџерските вештини, да обезбедат подобар пристап до финасиите и можност за раст на бизнисот на локално и регионално ниво. Овој саем е одлична можност претприемачите да ги претстават соспствените бизниси и да ги отворат вратите за успешни идни соработки“ - рече Едвард Гонзалес, генерален директор на канцеларијата за развој на Мисијата на УСАИД во Македонија во своето обраќање пред медиумите


„Претприемачите кои се овде денес, а ги има 18, подготвија специјална саемска програма за останатите и очекуваме да имаме успешен ден во однос на нови соработки, што е и наша цел со овој настан“ рече Билјана Дамевска, заменик директор на проектот во Македонија.


Овој проект започна да се реализира во јули 2011 година, истиот изнесува 300079400 долари, а се имплементира во осум региони во Македонија.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov