„Еј Мама“ е новиот супер хит на Наташа Малинкова PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 05 Јули 2017 20:49   

Македонската дива Наташа Малинкова продолжува да ја „тресе“ македонската музичка сцена, овој пат со својот „заразен“ хит „Еј Мама“.


Новиот сингл на Малинкова е комплетно дело на нејзиниот долгогодишен соработник и еден од најголемите хит мејкери на македонската музичка сцена, Столе Аврамов.


„Еј мама“ е едно ново музичко искуство за мене, а верувам и за публиката која ќе има прилика да ме види сега во едно поинакво издание. Спотот во суштина е една кореографија, односно танц кој одлично кореспондира со самиот текст во песната благодарение на Ивана Балабанова и „Битрикс“. Напорно вежбавме да го постигнеме овој ефект. Нов звук, модерен аранжман и урбана тема, така обработена и во видеото. Се надевам ќе Ви се допадне – вели нашата Наташа.


Режисер на спотот е познатиот Даниел Јовески, а провокативниот стајлинг на најзгодната „мама“ на македонската музичка сцена и жешките танчерки дефинитивно ќе Ви го зголемат уживањето.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov