"Too many people" е новиот сингл на The Backdoor Band
Напишано од Unevski on Среда, 30 Август 2017 10:02
Милениците на кавадаречката, и воопшто на македонската рок сцена, охриѓаните The Backdoor Band го промовираа видеото за синглот "Too many people" кој е всушност резултат на успешната соработка со вокалистот на познатиот дански рок состав Blended Brew, Jimmy Linder Mansson.
Спојот на вокалите на Jimmy Linder Mansson и Жарко Јакимовски во комбинација со очекувано жестокиот и енергичен рок кој е препознатлив за сите оние кои барем еднаш имале можност да ги слушнат во живо The Backdoor Band и дава една посебна димензија на песната која ненаметливо останува некаде помеѓу потсвеста и усните, па често ќе се фатите како потпевнувате "Too many people" и кога околу Вас и нема премногу луѓе.
Од бендот изразуваат голема благодарност до сите кои го помогнале во реализирањето на видеозаписот кој се снимаше на неколку локации во Охрид, а особено до Пеце Настески кој го изработи видеото. За наредниот период, од бендот најавуваат промоција на уште неколку видеозаписи.