Започна со работа Дистрикт Кафе PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 09 Ноември 2017 08:30   

 

Надвор од стандардите, од веќе поставените норми, на сосема друг дел од градот, но со пријатен амбиент создаден за уживање во секое време од денот, но и ноќта, Дистрикт кафе од вторникот кој го оставивме зад себе и официјално стана новото урбано собиралиште на градските деца.


Помеѓу големиот број на пријатели, роднини, другари и познаници на славното братско фудбалско дуо, Даниел и Ѓорѓи Мојсови кои се сопственици на локалот, секако најбројни беа актуелните и поранешни фудбалери и фудбалски работници, а меѓу кои помеѓу првите гости беше и поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Ванче Шиков.


„Фудбалската кариера ми овозможи да посетам многу места низ светот, да видам како луѓето уживаат во својот ден, и токму поради тоа решивме со мојот брат Ѓорѓи на нашите сограѓани да им подариме на кавадарчани едно пријатно катче каде што ќе се чуствуваат убаво и пријатно, ќе го пијат своето прво утринско кафе, ќе ги прославуваат своите секојдневни победи, ќе се забавуваат за време на викендите“ - ни рече меѓу другото македонскиот репрезентативец Даниел Мојсов, кој заедно со Ѓорѓи ја пресекоа црвента лента со што и официјално го означија почетокот на работата на најновата градска кафетерија.


Низ вечерта исполнета со честитки и убави желби не водеше DJ Buli со своите сто проценти бластер битови најавувајќи ја сезоната на забави кои ќе следуваат уште од овој викенд на веќе добро познатата локација на спојот помеѓу улиците „Шишка“ и „Дисанска“.

 

<<<ФОТО>>>

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov