Се подига јавната свест за електронскиот отпад PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 27 Ноември 2017 09:16   

 

Здружението Еко-Живот во соработка со „Нула Отпад“ и општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци реализираа кампања за подигање на јавната свест за електронски отпад.


Се појави голем интерес кај децата за сепарирање и рециклирање на електеонскиот отпад, вклучително и батерии. Беа собрани околу стотина стари уреди и многу телефони и батерии кои на свој начин претставуваат опасност по животната средина.


Акцијата во основното училиште „Страшо Пинџур“ се реализираше со претходно потпишан договор за соработка меѓу „Нула Отпад“ и Општина Кавадарци, а „Еко-Живот“ во акцијата се јавува како заинтересирано еколошко друштво на кој главни цели им се животната средина и нејзино зачувување, вклучително и подигањето на јавната свест.


Од основното училиште „Страшо Пинџур“ акцијата ја раководеа директорот Ќире Крстевски, наставничката Стефка Саздовска, која е координатор на Еко Проектите во училиштето и има интензивна соработка со Еко-Живот, а во акцијата беа вклучени и сите вработени.


„Ова е првата ваква акција и веќе закажавме уште една, која ќе се оддржи наредната недела повторно во училиштето „Страшо Пинџур“, а потоа и во другите заинтересирани субјекти. Отпадот ќе биде подигнат од фирма која располага со соодветни лиценци за справување со ваков вид на отпад“ - информираат од „Нула Отпад“.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov