Советот на општина Кавадарци ја оддржа третата седница PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 30 Ноември 2017 19:20   

 

Новиот општински Совет денеска ја одржа третата седница на која пред советниците се најдоа на дискусија 39 точки.


Како и на претходната, така и на оваа седница се избираа претседатели и членови на повеќе комисии кои ќе функционираат во рамките на ова законодавно тело. Поддршка од сите пратеници доби и предлог одлуката за ставање вон сила на Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на мини хидроцентрала на регионалниот водовод Лукар, што значи дека оваа хидроцентрала ќе ја изгради јавното претпријатие „Комуналец“.


Едногласно беа изгласани и предлозите за воспоставување на меѓуопштинска соработка и програмата за развој на општината за оваа година. Во врска со точката за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови, советникот Радњански побара во иднина советниците да добијат поконкретни образложенија за да знаат за што гласаат. На седницата едногласно помина и предлог програмата за одржување на локални патишта и улици во зимски услови.


На денешната седница беше именуван и претседател и членови на нов Управен одбор на градинката „Рада Поцева“, како и одобрување на планот за нови вработувања во градинката. Советот даде согласност за потпишување на договорот меѓу „Комуналец“ и КФВ Банка која му доделува грант од 2.5 милиони евра на кавадаречкото комуналното претпријатие. Исто така беше изгласана и Предлог програмата за регулирање на нерегистрираните и незгрижени кучиња за 2018 година како и Програмата за организиран дочек на Новата 2018 година на градскиот плоштад.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov