Фени отиде во стечај PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 30 Ноември 2017 19:27   

 

Основниот суд во Велес денеска го усвои предлогот за отворање стечајна постапка во „Фени инудустри“ Кавадарци. За стечаен управник е именуван Мирослав Анастасиевски од Гостивар.

 

„Сметката на фирмата е блокирана повеќе од 45 дена. Имотот со кој располага, движен и недвижен, може да ги намири трошоците за стечајната постапка и за побарувањата на доверителите. Затоа предлагам да се отвори стечај“, рече Анастасиевски.

 

Основниот суд ги повика банките доверители во рок од 15 дена да ги достават побарувањата.

 

Стечајот во Фени го иницираа Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и банката Силк роуд АД Скопје, поради долг од 60 милиони евра од кои 40 кон банките, а 20 кон останати доверители.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov