Во вторник, крводарителска акција на навивачката група „Лозари“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 03 Декември 2017 21:37   

 

Под мотото „Поклони живот, дарувај крв“, навивачката група Лозари организира крводарителска акција.


Акцијата која е во соработка со општинската организација на Црвениот крст и Центарот за трансфузиологија ќе се оддржи во вторник, 5 декември, во големата сала при општина Кавадарци, во периодот од 10 до 15 часот.


Навивачката група Лозари ги повикува сите свои поранешни и сегашни членови, како и граѓани на општина Кавадарци да одвојат 30 минути за да даруваат крв и да спасат нечиј живот.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov