Во недела, Свечена академија по повод 65 години ракомет во Кавадарци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 15 Декември 2017 13:52   

 

Во организација на градскиот ракометен клуб Тиквеш од Кавадарци и ракометните ентузијасти од градот, во недела, 17 декември, со почеток од 12 часот, во големата сала при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ ќе се оддржи Свечена академија посветена на 65 годишнината од ракометот во Кавадарци.


„Градскиот ракометен клуб Тиквеш како наследник на кавадаречките ракометни клубови, и единствен професионален ракометен клуб од градот заедно со дел од ракометните легенди на градот ја презедоа обврската да ја организираат Свечената академија на која ќе бидат одбележани 65 години од активното играње ракомет во Кавадарци“ - ни изјави меѓу другото Зоран Јосифовски, претседател на градскиот ракометен клуб Тиквеш.


Покрај одбележувањето на јубилејот, целта на оваа Свечена академија е и да се сврти вниманието на јавноста, особено на бизнис заедницата и општинската власт кон ракометот како спорт кој и ги донесе најголемите успеси и спортски радости на земјата.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov