„Дедо цепе бурина“ по деветти пат ги собра градските шегаџии и коледари PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 09 Јануари 2018 11:01   

 

Во петокот, 5 јануари, во бавчата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци по деветти пат се оддржа Фестивалот на вицот и шегата “Дедо цепе бурина”.


Традиционално, со дегустирање на топла ракија, се кажуваа вицови, скечеви, анегдоти. Годинава пред присутните беа кажани шеги со тематики од секојдневието, сексуална и политичка содржина, но имаше и такви кои ја третираа проблематиката со грозјето и вечното ривалство со соседно Неготино. Главно на кавадаречки дијалект. Имаше шегаџии од различни возрасти.


„Целта е да внесеме дополнителна позитивна енергија во овие празнични денови“ - рече меѓу другото Владимир Темков, директор на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“.

 

Учесниците на Фестивалот добија дипломи, а најдобрите коледашки.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov