Рок бендот Лексикон го промовираше својот деби сингл „Така ли се чуствуваш“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 21 Јануари 2018 16:07   

 

По речиси две години постоење, исполнети со бројни настапи низ градот и државата, кавадаречкиот рок состав Лексикон на радост на своите фанови го промовираше својот деби сингл насловен „Така ли се чуствуваш“.


Во создавањето на рок баладата со исклучителен текст учествуваа речиси сите членови на бендот, па така музиката е дело на Дејан Митрев, кој заедно со Виктор Кимов се автори и на аранжманот, додека пак текстот на песната е на водечкиот вокал, Анета Мишева. Покрај веќе споменатите Анета Мишева, Дејан Митрев и Виктор Кимов, листата на членови на бендот ја заокружува Оливер Миленковски. Песната се снимаше и продуцираше во студиото Регал на Васко Ристов.


По успешната промоција на „Така ли се чуствуваш“, бендот најавува дека многу наскоро ќе биде објавен и вториот сингл, а во меѓувреме се работи и на реализација на останатите идеи на членовите на бендот и нивно преточување во финален звук кој ќе биде претставен пред публиката.






 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov