Класико Бенд со музички подарок за своите фанови PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 31 Јануари 2018 10:56   

 

Покрај бројните настапи низ Македонија, „бурниот“ почеток на новата 2018 година членовите на Класико Бенд го заокружија со видео запис кој деновиве доби и официјална промоција на јутуб каналот на бендот.


Покрај обработките на актуелните хитови, но и на безвременските песни од рангот на Чија Си, во својот јануарски музички подарок за своите фанови бендот вклучи и два микса од песни кои дефинитивно ќе го кренат нивото на расположение на секоја прослава.


Снимањето и пост продукцијата на видеото е дело на Арт Студио, додека за аудио обработката се погрижи Васко Ристов.

 





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov