Овој викенд, хуманитарен турнир во одбојка во Неготино PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 08 Февруари 2018 17:40   

 

Традиционално, четврта година по ред, во Неготино ќе се оддржи хуманитарен турнир во одбојка, а овој пат сите собрани средства ќе бидат донирани за осум годишниот Иле Петков од Демир Капија.


Турнирот ќе се оддржи во сабота и недела, 10 и 11 февруари, со почеток од 14 часот во спортската сала при гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино, а според искуството од претходните години, се очекува повторно да се бара влезница повеќе за натпреварите кои што дефинитивно ќе донесат многу возбуда, дружење и забава.


„И покрај тоа што претходните турнири поминаа и повеќе од успешно, очекуваме овогодинешното издание се очекува да предизвика најголем интерес. Овој пат, сите собрани средства ќе одат за помош на осум годишниот Иле Петков од Демир Капија кој боледува од тумор на ногата и му е потребен итен хируршки зафат“ - истакнува младиот ентузијаст Димитар Аврамов, кој е организатор на настанот.


Пријавувањето на екипите сеуште е во тек, и тоа на телефонскиот број 075/930–288 – Димитар Аврамов.


Аврамов потсетува дека покрај со присуство на настанот, сите граѓани може да донираат и преку трансакционата сметка: 210501665882802 и телефонот за донации 141 - 461.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov