Успешна крводарителска акција во ВВ „Тиквеш“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 08 Февруари 2018 18:02   

 

Вкупно 20 крвни единици беа собрани на денешната крводарителската акција оддржана во винарската визба „Тиквеш“. Акцијата е дел од годишната програма на општинската организација на Црвениот крст, а во нејзиното спроведување се вклучи и екипата на трансфузиологија при општа болница Кавадарци.


„Заокруживме уште една успешна акција, со оглед на тоа што пред 10-тина дена имаше акција за дарување крв и во општина Кавадарци“ - ни изјави Димитар Каракулев, претседател на општинската организација на Црвениот крст.


Во продолжение Каракулев информираше дека во 2017 година беа реализирани над 1800 крвни единици во двете општини Кавадарци и Росоман, а предвидениот годишен план е 1180. Ова значи дека годишниот план е надфрлен со над 600 крвни единици повеќе од предвиденото, што се должи на големата хуманост и солидарност на граѓаните на овие две општини.


„Од име на Црвениот крст и од име на оние на кои крвта им е неопходна по нивното здравје изразуваме голема благодарност и респект за сите крводарители за покажаната хуманост од нивна страна“ - потенцираше Каракулев.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov