Џудистите од ЏК Кожувчанка се вратија од Пеќ со осум медали PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 20 Март 2018 11:42   

 

Силно мотивирани по зимската пауза, џудистите од џудо клубот Кожувчанка им се вратија на натпреварувањата во голем стил, враќајќи се од супер силниот Меѓународен турнир во Пеќ, Косово со 8 медали, од кои еден најсјаен.


Во вкупниот клубски успех придонес имаа сите осум џудисти кои отпатуваа на турнирот, и се најдоа во конкуренција од 350 џудиси од речиси целиот Балкан.


Доминантна во својата категорија, Благица Колева стигна до ново злато, Никола Петров го загуби финалниот дуел и стигна до среброто, додека бронзени медали освоија Марија Илиевска, Игнат Петров, Тоше Петров, Никола Јанев, Дуле Јовевски и Благој Тодоров.


Тренерите Сашко Ангелов и Методија Трајановски кои во отсуство на првиот тренер Марјан Колев го предводеа клубот во Пеќ се презадоволни од прикажаните борби на своите избраници, нагласувајќи дека со малку повеќе спортска среќа резултатите од турнирот ќе беа далеку подобри. Сепак, она што е најважно, е дека кавадаречките џудисти се подготвени за новата сезона на државни натпреварувања кои што воедно ќе бидат и изборни за новите македонски џудо репрезентативци.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov