Никола Филипов е апсолутен победник на "Hair Fair 2018“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 29 Март 2018 20:53   

 

Уникатноста, креативноста и високиот квалитет на работа на Никола Филипов, сопственик на стајлинг студиото „Трезор“, доби уште една голема потврда, овој пат од исклучително силниот натпревар "Hair Fair 2018“ од кој Филипов се врати како апсолутен победник.


Во супер силната конкуренција на фризери од Македонија, Турција, Косово, Грција, Бугарија, Шведска... Филипов го импресионираше жирито со својата изведба во категоријата „невестинска фризура“. Својата сестраност во работата Филипов ја потврди и со второто место во категоријата „пунџа на долга коса“.


„За изработка на фризурите имавме временско ограничување од 40 минути, a оценувањето беше од страна на домашни познати фризери, меѓу кои Весна Стефкова од Студио 501 , Љупчо Петрушевски - бубе „Студио Ин“, Љупчо Таневски „Студио Ив“, Пеце од студио „Cool cut“, додека интернационалниот дел од жирито го сочинуваа Ралевски од Шведска, Џанкарло Миланезе од Италија, претседателот на турската асоцијација на фризери Мустафа Сејлан и Рејхан Туна од Косово“ - што за мене беше огромен предизвик вели Филипов.

 

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov