Граѓаните во иницијатива за спас на градскиот парк PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 30 Март 2018 11:30   

 

Самоиницијативна граѓанска група „Иницијатива за спас на Градскиот Парк во Кавадарци“ во обид да ја разбуди свеста кај граѓаните на општина Кавадарци за спас на најубавиот дел од градот, градскиот парк во Кавадарци. Охрабрени по победите на неколку граѓански иницијативи за заштита и зачувување на своите околини, граѓанската група верува дека ќе ги разбуди кавадарчани од летаргичноста, и дека ќе се вклучат активно во зачувувањето на градот.


Според информациите кои ги добиваат од останати загрижени граѓани, од самоиницијативната граѓанска група најавуваат дека во првата линија до паркот ќе бидат изградени уште четири нови згради, со што дефинитивно ќе се уништи не само убавата слика за градот, туку и ќе се спречи влијанието кое го има истиот.


Согласно планот за делување, освен активностите по социјалните мрежи, предвидено е делење на летоци, собирање потписи и испраќање на официјален допис до градските власти и градоначалникот кој е објавен на фејсбук страната на иницијативата.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov