ГФК Тиквеш „прокоцка“ 3 гола предност против Плачковица PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 01 Април 2018 11:20   

 

Фудбалерите на ГФК Тиквеш прокоцкаа позитива од 3 гола, и наместо со три бода, од гостувањето кај Плачковица се вратија само со бод, со што ја пропуштија шансата за прогрес на четвртата позиција на првенствената табела.


Кавадаречките фудбалери го имаа натпреварот под контрола цели 75 минути, водеа со убедливи 0-3, и кога помислија дека се е готово, Курт и Иванов за само 6 минути постигнаа 2 гола, за да во судиското продолжение Марјан Таранинов го изедначи резултатот и донесе големо разочарување на клупата на гостите.


Дуелот со Плачковица беше последен од вториот круг од натпреварувањето, а во првото коло од третиот круг, или вкупно 19то, кое на програмата е следниот викенд фудбалерите на Тиквеш се слободни, а веќе на 14ти април на градскиот стадион во Кавадарци ќе имаат можност да им се одмаздат на фудбалерите на Плачковица за „украдените“ два бода од вчерашниот дуел.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov