Пет медали од Ниш за џудистите од ЏК „Кожувчанка PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 01 Април 2018 11:27   

 

Во очекување на официјалниот старт на домашните првенства, џудистите од џудо клубот Кожувчанка продолуваат да ја темпираат формата на меѓународните натпревари, од кои редовно се враќаат со медали. Овој викенд, кавадаречките џудисти беа дел од супер силниот турнир „Младост Европа“ кој се оддржа во Ниш, Република Србија, и во конкуренција на повеќе од 400 натпреварувачи се вратија со 5 медали, од кои два најсјајни.


Тоше Петров и Марија Илиевска ја потврдија одличната форма освојувајќи триумфирајќи во своите категории, додека Никола и Игнат Петрови завршија како втори откако ги загубија финалните борби. Марија Илиевска освен во својата категорија до 36 килограми, настапи и во борбите во категорија до 40 килограми, но и тоа не и пречеше да заврши со бронзен медал. Во тимот во Ниш беа и Душко Јовески, Никола Јанев и Благој Тодоров, кои иако не освоија медали, имаа одлични настапи на првенството.


„Јас и Методија Трајковски со кој заедно ги водевме џудистите на ова натпреварување сме презадоволни од нивните настапи. Тоше Петров беше фантастичен, до финале сите натпревари ги завршуваше за само пет секунди, додека во финалето му беа потребни 40тина секунди да стигне до златото. Судиите беа причина што и Никола Петров не стигна до златен медал, додека пак Марија Илиевска откако освои злато во категоријата до 36 килограми, настапи и во категоријата до 40 килограми, во која го освои бронзениот медал“ - ни изјави Марјан Колев, тренер на џудо клубот Кожувчанка.


Одличните резултати, пред се од турнирите во Ниш и Пеќ се причина за зголемен оптимизам пред почетокот на државните првенства кои се изборни за новите репрезентативци.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov