Во вторник, втор собир на Пења Мадридиста Македонија во Кавадарци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 30 Април 2018 10:50   

 

По и повеќе од успешниот прв собир, навивачите на Реал Мадрид од цела Македонија, утре, 1ви мај, по втор пат сезонава од Кавадарци ќе го бодрат својот тим кој е на чекор до ново финале од европската лига на шампиони. Во продолжение е известувањето со сите детали за самиот настан.


„Почитувани навивачи, симпатизери и поддржувачи на најуспешниот фудбалски клуб во лигата на шампиони, дванаесет кратниот шампион, Реал Мадрид Ви најавуваме нов организиран собир, организирано гледање на полуфиналниот реванш натпревар од UEFA Лигата на Шампиони помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен!


После позитивно високите оценки за претходната организација за натпреварот од осминафиналето помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид во Кавадарци каде имавме повеќе од 100 присутни посетители, членовите на Пења Мадридиста Македонија од Кавадарци се повторно домаќини на овој спектакл. Како и минатиот пат обезбеден е голем FULL HD видео проектор со одлична слика, и секако очекувајте награди и изненадувања за сите присутни!


Локацијата на настанот е иста, Гостилница Старо Маало – Кавадарци, која повторно ќе ги угости сите поддржувачи на Реал Мадрид со промотивна цена на точено Македонско пиво.

Датата е добро позната 1ви Мај 2018год. Почеток на натпреварот 20:45мин, почеток на собирот 18:00мин. Да го направеме рекордно најголемиот собир! Поканети сте сите!

Поради ограничениот број на места ве молиме резервирајте го вашето присуство во порака на следниот линк!

Повеќе детали очекувајте наскоро.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov