Со пешачки острови ќе се подобрува безбедноста на пешаците PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 03 Мај 2018 07:27   

 

Оформувањето на новиот семафор како сообраќајно решение на раскрсницата меѓу булеварот „Никола Минчев“ со булевар „Македонија“ е во крајна фаза.


„Деновиве завршија градежните работи од доградбата на два пешачки острови по средината на булеварот „Никола Минчев“. Тој дел од пешачките премини пред поставувањето на семафорот беше на нивото на коловозната лента. Сега таму се вградија рабници кои ќе бидат означени со жолто црни испрекинати линии согласно хоризонталната патна сигнализација. Во нивниот волумен ќе се постават бекатон коцки кои ќе формираат два нови острови за одмор на пешаците. Островите ќе имаат задача и да го спречат непрописното полукружно свртувања на несовесните возачи“ - информираат од кабинетот на градоначалникот Јанчев.


Со овој зафат општина Кавадарци го подига нивото на безбедност на пешаците во сообраќајот на оваа фрекфентна раскрсница.

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov