Розе Милкова и Благица Колева му донесоа нови медали на ЏК Кожувчанка PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 07 Мај 2018 09:21   

 

Розе Милкова и Благица Колева ја продолжија низата на успешни настапи на меѓународните натпреварувања на џудистите од џудо клубот Кожувчанка, откако изминатиот викенд во клубските витрини донесоа два медали од супер силниот меѓународен турнир во џудо за кадети и кадетки кој се оддржа во Аминдио, Грција.


На натпреварувањето кое се оддржа во саботата, 5 мај, во конкуренција на 350 џудисти од Грција, Македонија, Бугарија, Романија, Грузија, Кипар, Турција и Србија, Розе Милкова го освои сребрениот медал откако по неколкуте одлични борби загуби во финалето во категоријата до 52 килограми, додека пак во категоријата +70 килограми Благица Колева се закити со бронзениот медал.


„Задоволен сум од остварениот резултат на двете џудистки, иако да не беше повредата на коленото здобиена во воведните натпревари, верувам дека и Колева ќе стигнеше до финале“ - изјави тренерот Сашко Ангелов кој го предводеше клубот на турнирот.


Во саботата се оддржа и вонредното собрание на џудо федерацијата на Македонија, на кое беше разрешен претседателот Филип Иванов, и беа избрани нов претседател, потпретседател, членови на извршен одбор и членови на комисии, во кои се најдоа и двајца претставници од џудо клубот Кожувчанка. Ванчо Настов кој претходно беше претседател 8 години беше избран за потпретседател на истата, додека пак Марјан Колев кој е член на извршниот одбор од 2004 година е реизбран за член на извршен одбор. За претседател на џудо федерацијата на Македонија беше избран Зекуљ Реџепи.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov