Во среда, ексклузивен концерт на Кокан Димушевски PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 12 Мај 2018 09:55   

 

Во среда, 16 мај 2018, со почеток од 20.30 часот, во Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе се одржи ексклузивен концерт на легендата на македонската музика, незаменливиот член на “Леб и Сол“ - Кокан Димушевски.


Кокан Димушевски со електронски инструменти, во придружба на Љубиша Кировски на виола, на љубителите на убавата музика од Кавадарци ќе и се претстават со концертот наречен "Private music", со музички материјали од кои дел првпат ќе бидат исполнети токму во Кавадарци.


Билетите по цена од само 100 денари, ќе бидат во продажба на билетара на Дом на култура во вторник и среда (15 и 16 мај 2018) од 18.30 до 20.30 часот.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov