Розе Милкова и Благица Колева ќе настапат на Балканското прввенство во џудо во Бихаќ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 31 Мај 2018 09:55   

 

По напорните тренинзи кои резултираа со одлични настапи на меѓународните турнири и државните првенства, кавадаречките џудистки Розе Милкова и Благица Колева ќе бидат дел од македонската кадетска репрезентација која овој викенд ќе настапи на балканското првенство во Бихаќ, Босна и Херцеговина.


Иако нема да бидат дел четиринаесет члената делегација која ќе патува за Босна и Херцеговина, тренерскиот двоец Марјан Колев и Сашко Ангелов очекува од Милкова, која е државен првак во категоријата до 52 килограми, и од Благица Колева која е носител на сребрен медал во категоријата 70+ килограми, да ја претстават земјата и џудо клубот „Кожувчанка“ на највисоко можно ниво.


„Очекуваме два најсајни медали. И двете џудистки покажаа дека се во одлична форма на државното првенство кое се оддржа во Прилеп минатата недела, и верувам дека токму овие резултати ќе ја зголемат нивната самодоверба, која е клучна на ваков тип на натпревари“ - ни изјави Марјан Колев, тренер на џудо клубот „Кожувчанка“.






 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov