Во вторник, годишен концерт на балетското студио „Венус“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 11 Јуни 2018 19:40   

 

По повод завршувањето на уште една и повеќе од успешна година и уште една танцова сезона која ја одбележаа бројни награди и признанија, балетското студио „Венус“ Ве поканува да присутствувате на традиционалните годишни концерти!


Вообичаено, и годинава ќе се оддржат два концерти кои се закажани за во вторник, 12 јуни 2018, со почеток од 18.00 и 20.00 часот, во Салата на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“.


На концертите ќе можете да ги видите најдобрите кореографии на Балетското студио "Венус" од оваа танцова сезона, на сите групи по возраст, меѓу кои и наградените кореографии од интернационалниот денс фестивал 2018.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov