Во четврток, трета реприза на „Пасивно пушење“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 04 Јули 2018 08:08   

  

По премиерата и двете експресно распродадени репризи, утре, четврток, 5 јули 2018, во 20 часот на сцената на Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци по трет пат ќе биде поставена претставата “Пасивно пушење“ во режија на Јордан Витанов.

 

Се работи за одлична комедија работена по фантастичниот текст на Небојша Ромчевиќ, кој се исмева со нас, балканците, кои сме спремни да прифатиме се за да ги задоволиме европските бирократи во кои се колнат нашите политичари, истите тие европски бирократи кои се „најчесните“ луѓе на светот сосема случајно заглавени во најголемите корупциски криминали, притоа силно убедени дека нивниот европски систем е толку совршен, онолку колку што и голем дел од балканците сеуште веруваат дека Југославија сеуште е држава од Вардар до Триглав. 

 

Влезниците за претставата можат да се набават на билетарницата на Домот на културата од вторник до четврток (од 3 до 5 јули) од 18.30 до 20 часот. Влез - 100 денари.

 





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov