Продолжува комуналната изградба во градот PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 05 Јули 2018 10:21   

Комуналната изградба во општината продолжува. Започнати се работите за реконструкција на дел од тротоарот на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ во Кавадарци. Во наредната фаза ќе следи поставување на тампон како подлога за поплочување со павер елементи на површина од 450м2. Со овој проект се ревитализира дел од тротоарот на потегот од спојот со улицата „Нов Белград“ во правец кон мостот „Белка“. За оваа намена општината ќе инвестира 520.000денари од општинскиот буџет, сметка за комунална изградба.

 

Во исто време се гради и тротоар во селото Сопот, и тоа на крајниот дел од улицата која води кон фудбалското игралиште. На должина од стотина метри се поставуваат рабници и се изведуваат земјените работи за поставување на павер елемнти за изградба на тротоар. За оваа намена општината инвестира 416.658 денари. Парите се обезбедени од сметката за комунална изградба од буџетот на општината. Со овој зафат ќе се изгради тротоар со површина од270м2. По реализацијата на проектот жителите на селото Сопот кој гравитираа кон овој дел ќе добијат урбанизиран простор за непречено и побезбедно движење. 

 

</p




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov