Започна бербата на раните сорти трпезно грозје PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 08 Јули 2018 18:27   

 

Започна бербата на најраните сорти трпезно грозје во Тиквешко. Претседателката на националната Федерација на фармери, Васе Мојсовска информираше дека во моментов се берат сортите „прима“ и „ранка”, а за некој ден ќе стартува и бербата на „кармен” и „кардинал”.


Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари”, соопшти дека се работи на утврдување на количините грозје произведени оваа реколта, а се преговара и околу цените за винското грозје, чија берба следува во наредниот период.


Марика Ристиќ од неготинското село Тимјаник денеска ги набра првите количини десертно грозје „ранка бела” од својот лозов насад и ги продаде во Росоман за триесет денари по килограм. Рече дека очекувала повисока цена за своето производство.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov