АД „Гоце Делчев - Тиквеш“ ја започна бербата на кардинал и супер ран афус али PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 11 Јули 2018 11:48   

Со откинување на првите гроздови од сортите кардинал и супер ран афус али, најголемиот производител на трпезно и винско грозје во Македонија, АД „Гоце Делчев - Тиквеш“ денеска и официјално ја стартуваше бербата на трпезните сорти.


И покрај променливите временски услови, и годинава АД „Гоце Делчев - Тиквеш“ на пазарот ќе понуди трпезно грозје со врвен квалитет, пред се благодарение на контролираниот процес на производство во сите негови сегменти и фази.

 

</p


„Иако временските услови и годинава не ни беа целосно во прилог, сепак и годинава имаме одличен квалитет кој ќе го понудиме на пазарот.“ - ни изјави Марјан Пендев, референт за продажба.


Во продолжение од разговорот, Пендев информираше дека и годинава најголемиот дел од трпезното грозје ќе заврши на српскиот пазар.

 

</p




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov