Фондацијата „Никола Јанчев“ ги додели првите 36 стипендии PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 12 Јули 2018 12:57   

 

Пет месеци по основањето, фондацијата „Никола Јанчев“ која е основана од страна на градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев денес ги додели првите стипендии за учениците од основните и средните училишта како и за студентите од македонските факултети.


По објавениот конкурс кој заврши во петокот, комисијата составена од стручни лица ги разгледа сите апликации и според дадените критериуми ги определи добитниците на триесет и шестте стипендии. Се работи за вкупно 36 редовни ученици и студенти од јавните и приватните основни и средни училишта како и факултети во Република Македонија, кои потекнуваат од Кавадарци.


Директорката на фондацијата Јанинка Чупаркоска информираше дека почетниот буџет на фондацијата од 10.000 евра се дополнува секој месец со градоначалничката плата на г-дин Митко Јанчев. Тој уште во предизборната кампања најави дека доколку стане Градоначалник ќе ги донира месечните примања.


Фондацијата и во иднина ќе организира активности преку кои ќе се собираат средства за ранливите категории, за талентираните ученици и за граѓани на Општина Кавадарци на кои им е потребна помош.


Фондацијата го носи името на покојниот татко на г-дин Митко Јанчев кој по неговата смрт многу млад застаува на чело на компанијата Кожувчанка. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев за неговата хуманост вели дека е виновен неговиот татко кој уште од мали нозе го воспитувал да помага на заедницата и на луѓето на кои им е потребна помош. Го учел дека хуманоста е доблест, и иако многу млад го остава сам да го најде вистинскиот пат сепак успева во тоа и неговиот правец секогаш е насочен според аманетот од неговиот татко, секогаш да им помага на оние на кои им е потребна помош.

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov