Во четврток, премиера на претставата „Ромео и Јулија“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 18 Септември 2018 17:25   

 

Во четврток, на 20 септември 2018, со почеток од 19.30 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе има премиера на претставата “Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Микица Илова.


Претставата е наменета пред се за младата публика и е во продукција на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Првата реприза е веќе во понеделник, на 24 септември 2018. Во претставата играат Стефанија Јованова, Јован Илов, Надица Цветковска, Давид Кујунџиќ, Евгенија Илова, Борис Митрев, Александар Стојанов, Тања Иванова, Мартин Гогов, Ана Новеска, Стојанче Ванѓелов, Антонио Несторовски, Сашко Орешков, Иван Илиев, Викторија Данова, Стефанија Новеска и Розе Милкова.


Ова е втора премиера на кавадаречкиот Театар оваа година по хит претставата “Пасивно пушење“ од авторот Небојша Ромчевиќ, во режија на Јордан Витанов, а 2018 година кавадаречките актери ќе ја заокружат со уште две премиери и тоа една за возрасни и една за деца, што е огромен успех и со голема гледаност за еден Театар кој по дефиниција го носи предзнакот аматерски, но кој со професионално однесување влегува во секоја подготвена претстава.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov