Црна Река го „потопи“ Кратово PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 01 Ноември 2018 21:43   

Околу 100тина најверни навивачи на КМФ Црна Река ја имаа среќата да уживаат во фустал магијата која ја приредија играчите на Црна Река, додека единствени разочарани вечерва останаа играчите на КМФ Кратово кои од Кавадарци си заминаа со 10 гола во својата мрежа.


Резултатската неизвесност траеше се до финишот на првото полувреме кога Конев најпрво погоди за 2-0, а веднаш потоа гостинската мрежа да ја затресе Мехмединовиќ за сигурни 3-0. Голеадата на кавадаречките играчи продолжи и на стартот на второто полувреме во кое за само 5 минути постигнаа 4 гола. Најпрво капитенот Мицев го претвори во гол пеналот кој го изнуди Конев, за веднаш потоа да следуваат головите на Станоев и Гацев. До крајот единствена непозната беше крајниот резултат, па во релаксираниот финиш Црна Река постигна 3, а прими 2 гола за конечни 10-2.


По осум одиграни кола кавадаречкиот тим е на шестата позиција, но со одлично бодовно салдо па само една мала победничка серија може да го вивне во самиот врв на првенствената табела.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov