Недев и Лозари собраа 81000 денари за Драгана Малкиќ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 20 Јануари 2019 17:12   

  

Спојувајќи ги религијата и хуманоста, Дарко Недев, момчето кое вчера го фати Светиот крст во водите на реката Луда Мара, и навивачката група Лозари Исток инспирираа голем број на кавадарчани да се вклучат во хуманитарната акција за помош на Драгана Малкиќ на која и е потребна итна операција во Германија.


На штандот на кој кавадарчани имаа можност да го целиваат Светиот крст кој вчера беше потопен во водите на реката Луда Мара, денеска беа собрани повеќе од 81000 денари кои веќе се предадени на семејството Малкиќ.


И покрај задоволството од огромниот одзив, од навивачката група Лозари информираат дека и во наредниот период ќе продолжат со хуманитарната акција се со цел што побрзо да се соберат уште 5000 евра кои се потребни за операцијата на Малкиќ. Дополнително Лозари потсетуваат дека сите хумани луѓе можат да донираат на следната жиро сметка 280109104095596





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov