Медицински лица ќе ги посетуваат руралните средини PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 22 Јануари 2019 20:14   

  

Медицински лица од јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност Кавадарци ќе ги посетуваат руралните средини од Тиквешијата.


Според предвиденото, доктор и медицинска сестра ќе ги посетат селата Дреново во периодот од 8:30 до 10:30 и Возарци од 11 до 13 часот. Во вторник медицинската екипа ќе биде во Сопот од 8:30 до 10:30 и во Марена од 11 до 13 часот.


Среда е ден резервиран за селата Бегниште и Ресава. Термините за Бегниште се од 8:30 до 10:30, а во Ресава од 11 до 13 часот. Во четврток ќе бидат посетени Дреново и Шивец, во периодот од 8:30 до 10:30 односно од 11 до 13, а во петок медицинската екипа повторно ќе биде во Сопот и Марена.


Медицински екипи во вторник ќе ги посетуваат и селата Трстеник, Манастирец и Рибарци, а во четврток Камен Дол, Дебриште и Шивец.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov