Со турнир во мал фудбал Лозари ќе собираат пари за помош на Малкиќ |
|
|
|
Напишано од Unevski on Вторник, 22 Јануари 2019 21:13
|
Со хуманитарен турнир во мал фудбал, членовите на навивачката група Лозари ја продолжуваат својата благородна иницијатива за собирање на средства за помош на Драгана Малкиќ од Кавадарци, на која и е потребна итна операција на очите.
За да се реализира операцијата се потребни уште 5000 евра, а навивачите веруваат дека освен од парите од котизација за учество и доброволните прилози, со свои донации ќе се вклучат и кавадаречките компании.
Котизацијата за учеството на турнирот е 3000 денари од екипа, а сите заинтересирани можат да се пријават на телефонскиот број 076220681. Турнирот ќе се оддржи во недела, 27 јануари, во спортската сала „Јасмин“ со почеток од 12 часот.
Лозари потсетуваат дека сите може да донираат преку телефонските броеви 143465 за претлпатниците на ВИП.ОНЕ и на 077143465 за претплатниците на Т-Мобиле, како и директно на жиро сметката 280109104095596.
|