Позната програмата за Свети Трифун PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 31 Јануари 2019 19:08   

 

Со богата културно уметничка програма општина Кавадарци и годинава ќе го одбележи денот на заштитникот на лозарите и овоштарите, Свети Трифун.


Како и минатите години, така и оваа чествувањето ќе започне точно на пладне со закројување на виновата лоза, за да петнаесет минути подоцна бидат прогласени победниците од дегустацијата на вино и ракија организирана од Општина Кавадарци, Винотек, Здруѓеније на енолози, Напредни лозари и Winemakers.


За во 12 и 30 часот е предвиден настапот на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, во 13 часот и 45 минути ќе биде оддржана кратка престава во духот на празникот св.Трифун, а пладневната програма ќе заврши со настапот на Блажо Богев која е предвидена за во 14 часот.

 

Вечерта пак ќе биде во знакот на настапите на Александар Ангелов и Дрим тим кој е закажан за во 20 часот, а по него ќе следуваат настапите на Љубојна и Либеро бенд.

 

Во текот на целиот настан , на Градскиот плоштад ќе има поставено штандови за промоција на мали винарии како и дегустација и продажба на производи од големите винарии. Свои изложбени штандови ќе имаат и производителите на маџун, гроздов сок и други производи од грозје.

 






 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov