Откажана манифестацијата Свети Трифун PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 14 Февруари 2019 07:21   

 

Поради трагичната сообраќајна несреќа во кој вчера загинаа 14 лица, општина Кавадарци во целост ја откажува манифестацијата по повод празникот св.Трифун. Сите активности кои беа предвидени на Градскиот плоштад се откажуваат. 

 

 

„Ова е голема трагедија за нашата земја, во овие тешки мигови не се опишува болката која ја предизвика оваа голема несреќа. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев, Советниците од Совет на Општина Кавадарци и граѓаните на Општина Кавадарци изразуваат длабоко сочувство до семејствата на загинатите и брзо заздравување на повредените“ - се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот.

 

Од кабинетот информираат дека граѓаните на Општина Кавадарци ќе може да присуствуваат на литургиите во храмовите и на симболичното закројување на црковните винови лози. 





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov