Во организација на кошаркарската академија „Про-Баскет“ од Кавадарци, и најдобрата спортска телевизија на Балканот, Спорт Клуб, во недела, 24 февруари, Кавадарци ќе биде домаќин на турнирот Баскет Фор Кидс (Basket4Kids).
На турнирот учество ќе земат екипите на Ролинг и МВП од Струмица, Младост и Јуниор од Битола и Спортисимо и домаќинот Про Баскет од Кавадарци. Според објавените информации на сајтот на Basket4Kids.net, во првото коло Про Баскет ќе игра со тимот на Јуниор, а веднаш потоа ќе следи натпреварот помеѓу Спортисимо и Младост. Во второто коло МВП барем на хартија ќе биде домаќин на Про Баскет, а Спортисимо ќе игра против Ролинг. Во третото коло ќе вкрстат Јуниор и МВП и Младост и Ролинг. Двете екипи со најдобар учинок ќе се сретнат во големото финале кое обезбедува карта за престижиот турнир кој се игра во Белград.
Турнирот, кој е поддржан од Кожувчанка, Синалко, Инел Интернационал, Кам Смарк, Мерлин, Минекс Маркети, Кафе Тоскано и Општина Кавадарци започнува во 10:30 часот, а сите натпревари ќе се одиграат во спортската сала „Јасмин“.
Влезот е слободен, што е уште една причина повеќе да дојдете и да уживате во кошаркарските мајстории на повеќе од осумдесет млади кошаркари на кои им е потребна Вашата поддршка.
|