Школата против говор на омраза го промовираше новото видео |
Напишано од Unevski on Среда, 02 Септември 2020 00:00 |
Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци го промовираше новото видео кое е дел од Школата против говор на омраза во рамките на проектот „Граѓанско учество за интеркултурно општество“. „Ова видео е резултат на акцискиот план што произлезе од Школата против говор на омраза во рамки на проектот Граѓанско учество за интеркултурно општество. Преку ова видео граѓаните можат да се запознаат подетално со Комисијата за односи меѓу заедниците и која е нејзината улога во рамки на една општина во која што веќе постои или во општини во кои што е во процес на креирање“ - ни изјави Ѓорѓи Нанчев од Советот за превентива против малолетничка деликвенција.
|